Србин за 8 минути направил 12 сообраќајни прекршоци

Од:

Возач (51) на ауди од Белград вчера околу 16:20 часот на патот Златибор-Ужице за осум минути направил 12 сообраќајни прекршоци, јавува Н1 Србија.

Судот за прекршоци во Ужице го осудил возачот на 360 часа општокорисна работа и парична казна од 160.000 динари, соопшти локалната полиција.

Тој е казнет и со 18 казнени поени и 30-дневна забрана за управување со моторно возило.

Ја престигна колоната и возеше 125 км/ч на место каде дозволената брзина е 70 км/ч

Како што информираат од N1 Србија, од 16:23 до 16:31 часот возачот двапати престигнал колона возила на патот каде што линијата е полна, а осум пати други возила на забранети места.

Возачот еднаш престигнал колона возила преку испрекинатата линија додека возел со 125 километри на час на место каде што е дозволена брзина од 70 километри на час, соопштија од полициската управа Ужице.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски