Спиењето со родителите не е штетно за детето

Од:

Родителите кои спијат во ист кревет со детето не го изложуваат на ризик здравјето на детето, ниту го загрозуваат својот брак, наведуваат психолозите.

Психологот Дарси Нарваез од Универзитетот Нотр Дам им советува на родителите да не се грижат и дека осамостојувањето на децата и преминувањето во детската соба е само прашање на време.

Возраста на детето кога е подготвено да се пресели во својата соба варира, а делењето на креветото е присутно во голем број земји и држави.

Според истражувањето, скандинавските и семејствата во Азија почесто го делат креветот во однос на семејствата во Америка и во Канада, додека возраста на детето кога го напуштаат креветот на родителите се движи од 18 месеци до 10 години.

На преоѓањето во детскиот кревет и осамостојувањето на детете влијаат бројни фактори, како што е делење на собатра со братот или сестрата, доаѓањето на бебе во семејството и самиот развој на детето.

Научните истражувања не дошле до податоци дека делењето на креветот меѓу децата и родителите не влијае на когнитивниот, социјалниот и емотивниот развој на најмладите.

Нарваез истакнува дека делењето постела со детето не ги нарушува брачните односи, додавајќи дека до зголемен стрес доведува кога детето не може да спие во својата соба или има проблеми со несоница.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он