Спајк Ли подготвува документарец за 20-годишнината од 11. 9. 2001

Од:

Американскиот режисер Спајк Ли подготвува документарна серија за 20-годишнината од терористичките напади на кулите близначки во САД, на 11 септември 2001 година.

Продукцискиот проект е на ХБО, но оттаму засега не соопштуваат кога ќе се емитува серијата. Се знае само дека тоа ќе биде во текот на оваа година. Ли собрал над 200 изјави од њујорчани и од граѓани на САД по нападот.

Режисерот во минатото веќе соработуваше со ХБО, и сними документарец за последиците од ураганот Катрина во Њу Орлеанс.

Во 2019 година, Ли го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Црниот К.К. клановец“ (BlacKKKlansman). Во 2015 година тој го доби и почесниот Оскар за животно дело.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Џоди Фостер за малку ќе се удавела на снимањето на популарната серија

Милош Биковиќ доби улога во позната светска хит серија

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска