„Сони“ лансира најбрз интернет сервис во светот

Од:

Јапонската компанија „So-net Entertainment“, зад која стои „Сони“, лансирала интернет сервис заснован врз оптички влакна кои достигнуваат брзина од 2Gbps, што воедно е и најбрза интернет врска во домовите во светот.

Сервисот под името „Нуро“ им е достапен на домаќинствата и малите претпријатија во Токио и во шест околни префектури.

Аплоудот е нешто помал и изнесува 1Gbps, но тоа е и понатаму значително повеќе од оној што им е достапен на повеќето луѓе во светот, па дури и на работа.

Само за споредба, ултрабрзиот Гугл Фибер интернет сервис нуди „само“ 1Gbps и тоа е речиси 100 пати побрз од просечните интернет брзини во светот.

Сервисот „Нуро“ чини 51 долар со двегодишен договор и цена на инсталирање која изнесува 535 долари.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски