Сони денеска го претстави својот нов смартфон Експирија Т3, што се одликува со тенок дизајн и голем екран со 5,3 инчи.
Новиот смартфон Т3 доаѓа со Квалком Снапдрагон процесор со 1,4 гигахерци брзина, камера од 8 мегапиксели, РАМ од еден гигабајт и интерна меморија од 8 гигабајти, што може да се зголеми до 32 гигабајти со микроСД картичка.
Експирија Т3 работи на Андроид 4,4 КитКат оперативен систем.
Сони Експирија Т3 на глобалниот пазар се очекува да се појави кон крајот на јуни.