Сондата “Џуно“ ја испрати првата фотографија од Јупитер

НАСА објави дека камерата на сондата “Џуно“ која се наоѓа во орбитата на Јупитер е сосема функционална и дека веќе ја испрати првата фотографија во боја на најголемата планета во Сончевиот систем.

Првите фотографии со висока резолуција треба да се појават за неколку недели.

Новата фотографија е направена на 10 јули која леталото беше на 4,3 милиони километри од Јупитер.

На неа се гледа познатата црвена пега и три од четирите најголеми природни сателите на Јупитер-Ија, Европа и Ганимед.

Џуно ќе ја заобиколи планетата 37 пати и ќе се анализираат чудните облаци на Јупитер и аурорите за да се дознае повеќе за потеклото, структурата у магнетосферата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сондата „Џуно” сними невреме на планетата Јупитер

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Историски успех на НАСА: Сондата Џуно влезе во орбитата на Јупитер

(ВИДЕО) НАСА пристигнува на Јупитер, што крие најголемата планета?

Предраг Петровиќ