(ВИДЕО) НАСА пристигнува на Јупитер, што крие најголемата планета?

Од:

Леталото кое патува кон Јупитер треба да открие многу тајни за гигантската планета, а целата мисија која се очекува од посетата е претставена во трејлерот на НАСА.

Сондата јуно, која е лансирана во 2011 година, би требало да стигне на околу 4.500 километри од површината на Јупитер .

-Ова време, минатата година леталото New Horizons се приближи на Плутон, кажа Дајен Браун , извршен директор на Јуно програмата.

-Сега Јуно е поблиску до Јупитер од било која сонда во целатата историја, и би требало да откриеме мистерии кои ги крие оваа планета, рече таа.

Јуно длабински ќе ја анализира најголемата планета во Сончевиот систем, за да се открие што се случува во дебелата атмосфера.

Поради радиоактивната средина која ја опкружува огромната планета, електорниката во голем број летала би била спржена, но Јуно имам титаниумски сеф во кој се наоѓа комјутерот, а научниците се надеваат дека е функционира во текот на 20 месеци колку што ќе трае мисијата.

-Во текот на мисијата Јуно ќе биде изложен на еквивалент од 100 милиони стоматолошки рендгенски снимања на забите, вели Риј Нибакен, менаџер на Јуно проектот.

-Сепак ние сме подготвени. Ја испланиравме орбитата околу Јупитер со што е загарантирана најминимална изложеност на радијација, вели тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега