Сонцето ќе исчезне, а вие имате само десет месеци да се подготвите

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

– Да не речете дека не сте биле предупредени: на 21 август 2017, „може да стане најпопуларниот ден за одмор во историјата, напиша Мајкл Бакич во списанието Дискавер. Па можеби ќе посакате и порано да си побарате слободен ден од работа.

Зошто? Затоа што на тој датум – првпат по 99 години – целосно затменување на сонцето ќе биде видливо од секој агол на САД, од морето до привремено не така светкавото море. Милиони Американци ќе можат од близина на местото на живеење да го гледаат овој спектакл кој е веќе наречен неоддолив, незаборавен па дури и пресвртница во животот. Сонцето ќе исчезне скоро 2 ипол минути, почнувајќи од Орегон во околу 10.15 часот по локално време; овој феномен ќе се движи кон исток и еден час и половина подоцна ќе заврши во Јужна Каролина. Во меѓувреме, затемнувањето ќе може да се гледа од националните паркови Гренд Тетон и Грејт Смоуки маунтинс, од Сент Луис и Канзас сити и Чарлстов во Јужна Каролина, и од сите точки помеѓу.

Последен пат кога затемнувањето на сонцето било видливо од едниот до другиот брег било на 8 јуни 1918, и се нашло на насловните страници низ целата земја. Во „Планирање од сега за затемнувањето во 2017“, Бакич, кој е уредник во списанието Астрономи – серизоно се осврнува на идејата дека ако не испланирате однапред, може да ја пропуштите шансата која се појавува еднаш во животот. Всушност, погледајте на интернет и ќе видите дека хотелите и камповите кои се на 50 до 70 милји долж „целосното затемнување“ се букираат уште од мај годинава. Покрај советот да го побарате порано газгата, Бакич ги дава и следниве препораки:

– Набавете очила за затемнување – само за неколку долари ќе најдете стакла со оптички милар, или очила за заварување број 14.

– Најдете некој пријател кој има соларен телескоп и гледајте заедно. (Ќе ги видите дамките на сонцето, неправилниот профил на рабовите на месечината, делумно и Венера).

– За време на затемнувањето, запомнете да не гледате директно во Сонцето и сврете се околу вас – се околу вас во 360 степени ќе биде во поинаква боја која ќе ја создаде сончевата светлина.

Секој кој ќе се најде на самата 48-ма паралела ќе може да види барем делумна еклипса – освен ако не се најдете под облачно небо, и небото ќе се затемни. Но како што потенцираат многу страствени блогери, ако сакате се да видите, земете мапа и дојдете на место каде затемнувањето ќе биде целосно. „Блиску НЕ Е ДОВОЛНО блиску“, предупредува една веб страна. Исто како што некој кој намирисува јадење надвор од ресторанот останува гладен, така и оние кои го набљудуваат затемнувањето надвор од патот на целосната еклипса на крајот на денот ќе се запрашаат зотшо била целата оваа бркотница“. Или, пак еден друг запален блогер напиша: „Да изберете да гледате делумно затемнување е како да споредувате скоро умирање со умирање“.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

До вторник сончево и топло до 29 степени

Наутро магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он