Сон на секој пилот е да не заспие додека лета

Од:

Во спроведените анкети помеѓу 50 и 55 % пилоти едноставно заспиваат во текот на летот, без претходна најава на колегата во пилотската кабина.

Звучи како да е почеток на некој виц, но знае да биде, и тоа како, сериозна работа, тврди Филип вон Шопентау, генералниот повереник на Европската асоцијација на линиски пилоти.

„Се сеќавам на летот од Кина за Германија на кој десетина минути задремавме – заедно, и двајцата истовремено“, неодамна изјави искусниот капетан Томас Билд, кој работел за многу авионски компании.

-Проблемот не е само што пилотите заспиваат во тек на летот, туку што се уморни генерално, објаснува Филип Вон Шопентау.

Преморените пилоти во критичните ситуации не реагираат онака како што треба.

„Она што редовно се случува е дека во случај на технички проблеми или временски непогоди, пилотите кои не се потполно фит и будни, не се во сотојба праворемено да реагираат и да ги превземат вистинските чекори“ – рече Шопентау.

Решението на овој проблем би можело да биде во подобрта комуникација помеѓу пилотите и компанијата, заострување на правилникот по прашање на работното време и паузата во тек на летот и слично, но сепак тешко е да се претпостави дека во потполност ќе може да се реши овој сериозен проблем.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо