Социјалните мрежи се се почести причини за прекинување на врски и развод на бракови

Од:

Тажно, но вистинито: се повеќе бракови се растураат поради социјалните мрежи.  

Тоа го тврдат дури 81 отсто адвокати за разводи, чии клиенти се почесто како причина го наведуваат користењето на социјалните мрежи.  

А ако се уште не знаете како тие можат лошо да влијаат на вашата врска или на бракот, ние ви откриваме три најчести начини.  
 
1. Прегледувањето на News Feed 
Наместо да седнете еден покрај друг и да разговарате за тоа каков ден сте имале, вие се одлучувате да ги прегледувате новостите на социјалните мрежи. Тоа е голем проблем кога го прави само еден партнер, а кога тоа го прават двајцата тогаш тоа е уште полошо, бидејќи нема кој да ве предупреди дека никако не сакате да го подобрите својот однос. Затоа оставете ги мобилните телефони и прашајте се како сте го поминале денот.  
 
2. Споредување 
Одамна е познато дека корисниците на социјалните мрежи на нив ги објавуваат само добрите работи, додека малку луѓе искрено ќе ја признаат реалната состојба на нештата. Така вашата познаничка од средно училиште ќе објави фотографија со момче од романтичен годишен одмор, но нема да објави дека многу лошо се скарале поради неизмиени чинии или дека му нашла пораки од друга девојка. Верувајте ни, ниту една врска не е совршена, како што се чини на Фејсбук или на Инстаграм, па нема потреба да ја споредувате својата со лаги.  
 
3. Лажење за активностите 
Бидете искрени и отворени со својот партнер за своите активности на социјалните мрежи, посевно ако некој почне да ви се наметнува или пак ви се јавила вашата поранешна љубов и слично. Скришните разговори на Фејсбук можат случајно да се откријат и така да доведат до големи проблеми и прекини, дури и кога не сте мислеле ништо да преземете по тоа прашање. Лага си е лага!  

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски