Со тест преку крв ќе се открива Алцхајмерова болест

Од:

 Британски научници развија тест што врз основа на анализа на примерок од крв овозможува откривање на Алцхајмерова болест во ран стадиум.

Новиот тест открива комбинација на крвни маркери кои се специфични за Алцхајмеровата болест, појаснуваат истражувачите од Универзитетот Нотингем.

Со оглед дека примената на тестот е брза и едноставна, се очекува дека ќе може да биде користен клинички.

Раното откривање на Алцхајмеровата болест може значително да ги унапреди изгледите за контрола на нејзина прогресија.

Истражувачите напоменуваат дека се неопходни темелни испитувања на новиот тест врз голем број испитаници, а негова широка примена може да се очекува за десетина години.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он