Со терапија против лоши сеќавања

Од:

Досега 40 пациенти во светот користеле иновативна терапија која делува на трауматските сеќавања правејќи ги прифатливи, а на која од 2007 година работи лабораторија за трауматски стрес во Тулуз.

Станува збор за антимигренозно соединение „пропанолол“, кое го користеле пациенти во Тулуз, Монтреал и Бостон.

Тоа се зема орално еден час и половина пред активирање на трауматското сеќавање и би можело да го намали емоционалното оптоварување врзано за тоа сеќавање.

Канадскиот професор Ален Брине прв го испробал тоа соединение во 2000-те години во Монтреал кај лицата заболени од хронични посттрауматски симптоми по агресии или несреќи на патиштата.

Во периодот од 2006 до 2007 година, Брине дошол во Тулуз да ги сподели со останатите научници заклучоците до кои дошол, односно дека успеал со една сеанса терапија со „пропанолол“ да ја намали психолошката реактивност на сеќавањата (потење, пореметување, срцева активност…).

Субвенциите на Министерството за здравство, добиени пред три години, ќе овозможат проширување на испитувањата во Франција и споредба на влијанието на тој лек во однос на плацебото (лажен лек).

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он