Со кои мажи жените не сакаат да стапат во брак

Од:

Невработеноста e голем проблем, особено за жените кои ја сметаат финасиската и емоционалната стабилност како основа за романтична иднина.

Жените признаваат дека не би стапиле во врска со некој кој е невработен, а 65 отсто од дамите одбиваат да стапат во брак, доколку младоженецот е без работа, покажува анкетата.

Според психолозите, проблемите со финансиите водат кон разочарување, поради што невработеноста може да креира голем притисок врз љубовниот однос. Современите жени, пред да се согласат на брак, сакаат да се чувствуваат сигурно со материјалниот статус на нивниот партнер кој може да придонесе за поудобна живеачка.

Иако вработувањето е важно, повеќе од 90 отсто немажени жени велат дека љубовта им е поважна од парите. Но, експертите велат дека иронично е тоа што жените ја ставаат љубовта пред парите, а сепак, не сакаат да се венчаат со маж кој не е вработен. Работата ја спојува или раздвојува сериозната врска, а резултатот од анкетата покажува колку важна улога кариерата игра во романсата.

Истражувањето за кариерата и за љубовта покажало уште неколку „ситници“.

Околу 40 отсто жени кои се во љубовна врска рекле дека професионалните обврски им предизвикуваат несоница, додека слободните жени знаат да се потресат за љубовта исто колку и за работата.

И жените сметаа дека парите го движат светот. Над 40 отсто вработени жени заработуваат повеќе пари од својот партнер, а 41 отсто дами не би застанале пред матичар ако млдаоженецот нема поголема плата. Доколку жената би можела да „зграпчи“ слободен час секој ден, таа би го поминала сама со себе или со пријателките, но не и со партнерот.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски