Во текот на жешките, тропски денови концентрацијата и памтењето често не функционираат најдобро. Не можеме цел ден да седиме под клима уреди за да го избегнеме падот на концентрацијата. Мора да најдеме решение како да останеме „будни” цел ден. Решението за тој проблем е јодот. Недостигот на јод е еден од главните фактори за пад на концентрацијата. При големи жештини, мозокот губи течност, а концентрацијата нагло паѓа. Тогаш треба да се направи пауза, да се освежи телото и да се надомести јодот.
Многу е важно јодот да се внесува секој ден во доволни количини, бидејќи телото не е во состојба самостојно да го произведува. Постојат разни начини да се надомести јодот. Јодираната сол е најчест извор на јод за многу луѓе. Меѓутоа, внесување на сол во големи количини, кои му се потребни на нашиот организам кога е топло, не е многу препорачливо. Подобро решение се морска риба и алги, овошје и зеленчук. При високи температури, опасноста од дехидрација на организмот е сеприсутна, па најдобро е јодот да се надоместува со минерална вода богата со природно растворен јод. На тој начин мозокот ја добива неопходната течност, а телото го надоместува драгоцениот минерал – јодот.