Романскиот министер за здравство ги повика младите да набават таблети против радијација

Од:

Романскиот министер за здравство Александру Рафила ги повика денеска Романците помлади од 40 години „што е можно поскоро“ да одат кај своите матични лекари или во аптеките за да земат таблети со калиум јодид.

– Апелирам сите, сите помлади од 40 години, што поскоро да се обратат кај матичен лекар од кој ќе можат да добијат рецепт за таблети калиум јодид, рече денеска Рафила одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот додаде дека низ државата има 2.500 аптеки каде што се достапни тие таблети што луѓето можат да ги добијат бесплатно со рецепт.

Tој посочи дека со влошување на ситуацијата во Украина, можно е побарувачката за такви таблети да се зголеми.

Изјавата на романскиот министер за здравство доаѓа откако руските сили вчера повторно ја гранатираа нуклеарната централа „Запорожје“ во соседна Украина.

Таблети со калиум јодид се препорачува како прва здравствена мерка што треба да се прими во првите 24 часа од изложувањето на радијација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падна владата во Франција

Предраг Петровиќ

Русите подготвуваат нова офанзива, 300 чамци чекаат за преминување на Днепар

Бајден сепак го помилува својот син Хантер

Предраг Петровиќ

Излезни анкети во Романија: Партијата на премиерот Чолаку води на парламентарните избори

А1он

Повеќе од 18 милиони граѓани гласаат за нов парламент во Романија

А1он

ВИДЕО: Сириски и руски авиони ги бомбардираат позициите на бунтовниците во Алепо и Идлиб