Mилион таблети донација на калиум јодид од Романија за Молдавија

Од:

Над милион таблети калиум јодид ѝ даде Романија на Молдавија, соопштија од молдавското Министерство за здравство.

Истовремено, се уверува дека во моментот нема опасност од радијација. Граѓаните беа повикани да останат смирени.

Донацијата е резултат на разговори меѓу министерката за здравство Ала Немеренко и нејзиниот романски колега Александру Рафила.

Романскиот министер за здравство ги повика лицата под 40 години да се обезбедат што поскоро со таблети со јод. Изјавата следува во период кога руските сили повторно ја бомбардираа нуклеарната централна Запорожје во Украина.

Според украинските власти, во нападот во неделата погодени се три сензори за радијација.

Таблетите калиум јодид треба да се земат само од лица под 40 години, доколку дојде до нуклеарна несреќа, во рок од 24 часа по несреќата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија предупредува: Радиоактивниот облак се движи кон Европа поради уништената муниција со осиромашен ураниум

Украина, Романија и Молдавија потпишаа договор за Црното Море

Ана Ололовска

Претседателката на Молдавија: Граѓаните не сакаат во НАТО

Санду: Бараме оружје и воена поддршка од Западот

(ВИДЕО) Судир на опозицијата и полицијата во Молдавија: Автобуси тргнаа кон градот, полицијата ги запре

Поставен експлозив во најголемиот магацин за муниција во Источна Европа, објави поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија

Ана Ололовска