„Снежен град 2015“ на Попова Шапка

Од:

Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ годинава ќе се одржи од 18 до 22 февруари на Попова Шапка.

Како што соопштија од Детскиот културен центар Карпош, Снежниот град ќе го градат деца, ученици од повеќе училишта од Скопје и други места.

Распоредени во екипи од по десетина деца со свој ментор тие ќе го изградат својот град кој што на 22 февруари со свечено отворање во 11,00 часот ќе го предадат на посетителите со што почнува вториот дел на манифестацијата Снежниот карван којашто ќе се одвива до 28 февруари.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и бројни други активности од креативно-рекреативен карактер, како избор на Снежна убавица, спортски игри, пинг понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и диско-забава за учесниците на Снежниот град.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Попова Шапка: двајца повредени, со квадрицикл излетале во провалија

Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

Орце Костов

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Попова Шапка утрово -13 степени