Актерката Џејн Фонда (81) беше уапсена повторно пред два дена за учество во протести против климатските промени пред Конгресот во Вашингтон.
Ова е трет пат кога актерката е приведена поради учество во протести посочувајќи го проблемот со климатските промени.
Таа докажа дека навистина се грижи за климатските промени кога неодамна се пресели од Лос Анџелес во Вашингтон за да се приклучи на движењето против климатски промени, пренесува 24sata.hr.
Актерката, активист и поранешна манекенка, последниот пат го „планираше“ нејзиното апсење, кое беше дел од нејзиниот план да ја принуди Владата да биде ефикасна во борбата против климатските промени.