Skopje design week во подготовка да ја задоволи балканската дизајн сцена

Од:

Нешто по што Македонија полека станува препознатлива е дизјанот, не само како дестинација каде се случува Skopje Design Week (СДВ), туку и по сè побројни млади дизајн брендови кои покрај застапеноста на домашниот пазар храбро чекорат и на регионалните пазари.

Македонската изложба под традиционалниот наслов “Министерство за задоволство” во организација на Јавна Соба по трет пат ќе се претстави на “Дан Д” во Загреб од 30 мај до 1 јуни, “Миксер” во Белград од 5 до 8 јуни и “Тирана недела на дизајн и архитектура”, од 23 септември до 15 октомври. Оваа година во рамки на националната македонска дизајн презентација застапени се Завар Дизајн, Творница, Нина Нинеска и Лотус.

Јавна соба изврши селекција на 4 реномирани и млади македонски дизајн брендови кои ќе се претстват на регионалната сцена. Со почетокот на формирањето домашната дизајн сцена, поточно со почеток на СДВ, се даде шанса на млади креативни поединци и компании да започат со афирмација на идеја или готов производ, вмержување со други компании и отпочнување на соработка, добивање на критика од еден релевантен слој во  општеството. Сè додека примарниот фокус на СДВ е да се креираат нови иновативни дизајн решенија и тие да се доближат до производните компании, на регионаната сцена овој пат се појавуваат компании и поединци од Македонија кои веќе ги пласираат своите производи во серии. Со цел да се зајакне нивната положба на регионаниот пазар и истите да бидат репер за младите дизајнери од земјата, напревен е токму овој избор во рамки.

Јавна соба е еден од иницијаторите за бреднирање на “балкански дизајн” и колективен настап на глобална сцена. Во рамки на развој на таа независна платформа, е соработката со регионалните дизајн фестивали.

Оваа година на СДВ од 23 до 28 септември, балканската дизајн сцена ќе биде и офицаијлно промовирана пред меѓунадорната јавност со своја организација.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски