Активисти на организацијата „Just Stop Oil“ фрлија супа од домати врз ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ во Националната галерија.
Activists with @JustStop_Oil have thrown tomato soup on Van Gogh’s Sunflowers at the national Gallery and glued themselves to the wall. pic.twitter.com/M8YP1LPTOU
— Damien Gayle (@damiengayle) October 14, 2022
Две жени влегле во собата во галеријата на плоштадот Трафалгар околу 11 часот, јавуваат странските медиуми.
Тие ја фрлиле содржината на две конзерви супа од домати врз сликата, чија вредност се проценува на 72,5 милиони фунти, пишува SkyNews.
– Што вреди повеќе? Уметност или живот? Дали вреди повеќе од храната? Вреди повеќе од правда? – извика еден од активистите.
Оние кои се нашле на лице место не можеле да поверуваат што се случува.