„Синиот воз“ на Тито како ексклузивна туристичка атракција

Од:

„Синиот воз“ некогаш ги возеше кралевите и светските лидери, а сега е подготвен за туристите од целиот свет кои сакаат да научат нешто повеќе за земјите од поранешна Југославија, пишува британскиот „Дејли мејл.“

-Фирмата „Истражи ја Црна Гора“ нуди ексклузивен туристички пакет што вклучува дневно возење со „Синиот воз“, изграден во 1959 година за комунистичкиот диктатор Тито, кој со земјата владееше меѓу 1945 и 1980 година.

Според операторите, кога прв пат бил спуштен на шините, возот бил сметан за еден од најлуксузните во светот.

Сега гостите ќе можат да заминат на 12-часовно истражување по патиштата на Тито, со едукативни приказни, доручек и ручек со вино и шливовица.

Од Белград тргнува во седум часот наутро, а во Бар, во Црна Гора, пристигнува во седум часот навечер. Возот патува преку српските рамници и пошумените планини на Црна Гора, минувајќи преку клисури и езера.

Екскурзијата ги комбинира пократкиот престој во Белград и подолго престојување на медитеранскиот црногорски брег.

Оваа туристичка атракција почна уште во 2004 година кога беше соопштено дека екслузивните ваговини се повлекуваат од депоата во близина на Белград.

Ентериерот во арт деко стилот главно е направен од махагони и дрво од круша и орев, наведуваат од Железници на Србија.

Салоните и ходниците, исто така, се со раскошни волнени теписи и мебел од свила и кадифе.

Возот има вагони со салоните за Тито и неговите гости, церемонијална соба за конференции, кола за ручавање, кујна и кушет кола.

Возот до сега има минато повеќе од 600.000 километри и дури послужи и за превоз на ковчегот на Тито од Љубљана до Белград, за време на неговата смрт во мај 1980 година.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска