Научниците од сингапурскиот Институт за молекуларна и ќелиска биологија го открија и лоцираа протеинот поради чиј недостиг луѓето страдаат од хипергликемија, односно покачено ниво на шеќер во крвта. Откриената молекуларна содржина на овој протеин, како што денеска соопшти сингапурскиот институт е сосема солидна основа за почеток на производство на лекарства со кои ќе се регулира нивото на шеќерот во крвта.
Институтот соопшти дека намалувањето на количеството на овој протеин, што го лачи организмот е директно поврзано со дебелината на луѓето. Научниците веруваат дека новата медицинска супстанца која ќе помогне да се нормализира нивото на шекерот во крвта ќе може да се најде во апотеките најкасно за една година.