Силвио Берлускони на 77 години ќе стане повторно татко?

Од:

Италијанскиот неделен весник „Оџи“ во најновиот број објавува фоторепортажа, каде на една од фотографиите се наоѓа партнерката на Силвио Берлускони, 29-годишната Франческа Паскале во продавница за облека за бебиња, во центарот на Рим.

Во текстот се истакнува дека младата дама била облечена типично за жена во почетна бременост, а се цитира и прашањето кое таа го упатила на продавачката: Изгледа ли дека сум бремена?

Фоторепортажата на „Оџи“ се совпадна со објавувањето на интервјуто во Венити феир со Барбара Берлускони, каде таа ги демантира тврдењата дека нејзиниот татко планира да се жени по трет пат, пренесува БТА.

– Не се мешам во неговиот личен живот. Таа врска си е негова работа, но ми изгледа неверојатно дека има желба повторно да се жени, изјави ќерката на 77-годишниот поранешен премиер на Италија, кој поради даночни измами, отслужува четиригодишна казна – општествено корисна работа.

Би можело да ве интересира

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две