Швалерски совети од Барни Стинсон

Од:

„Со големиот пенис доаѓаат и големи обврски“, вели популарниот Барни Стинсон, фраер со стил кому момците можат само да му позавидат. Всушност неговиот хумор, бестрашност, брутална искреност, оптимизам и беспрекорен стил на однесување и облекување не се среќава баш често.

Сепак и не мора секогаш да се согласувате со него за некои прашања, но дефинитивно е мудар и знае како со жените:

-Една недела? Тоа е како година за добрите риби.

Колку подолго чекате да и се пуштите на некоја девојка, толку повеќе се намалуваат шансите нешто да се случи. Ако ви го даде нејзиниот број, веднаш јавете се, во рок од 24 часа. Ако сакате да излезете на состанок веднаш прашајте ја. Ако ви е пријателка и ви се допаѓа, кажете и го тоа. Ако мислите дека добро изгледа во фустан, не двоумете се да го признаете тоа. Ако сакате да ја бакнете – бакнете ја.

Зошто да ја играте игра и да чекате нешто да се случи? Железото се кове додека е жешко, зграпчете ја пред некој друг да го направи тоа. Поголемиот дел од убавите жени никогаш не чекаат.

-Многу жени се сметаат себе си за добро градени риби. Размислете за тоа. Вие можете да создадете нешто од било што. Вие сте како Бог. А нема ништо посекси од Бог.

-Бидете горди на она што го работите. Не е важно дали сте програмер, писател во обид, шанкер или медицинска сестра (машка нормално). Секоја работа има своја вредност и никогаш не треба да гледате на тоа како недостаток.

-Оделата се преполни со радост. Тие се кројачки еквивалент на бебешката насмевка.

Вие не треба постојано да сте во одело, но потребно е секогаш да изгледате добро. Ако сте убаво облечени праќате силна порака. Тоа покажува дека вие се грижите за себе си, уредни сте и дисциплинирани, а тоа е квалитет што ве прави попривлечни.

Доброто облекување подразбира соодветна облека на приликата, добар сооднос на боите и модел кој одговара на вашето тело.

-Запомтете: не е работата во ставање „рецки“ туку во верувањето дека тоа го можеш, иако најверојатно не можеш.

Верувајте дека сте најдобар, затоа што навистина и сте. Сериозно! Нема причина да мислите дека не можете да го добиете она што го сакате. Па дури и ако тоа е нешто што нема да успеете да го добиете сега, сепак секогаш можете да се подобрувате и да се доближувате се повеќе и повеќе до крајната цел.

-Секогаш барајте фина девојка. Очекувајте најдобар резултат и верувајте дека таа со душа чека да ве види. Жените не сакаат песимисти без самодоверба.

Се разбира, повеќето од нив ќе ви удрат „корпа“, но ако од 10 „риби“ пројдеш кај две, тоа е успех. А за да успеете, престанете да бидете обични и станете легенда.

-Посебните жени сакаат посебни мажи. Тоа нема никаква врска со телото или „колгејт“ насмевката. Тоа се однесува само на вашиот карактер. Дали сте човек од збор? Дали имате стил и почит? Се водите ли според високи стандарди? Дали сте позитивни? Дали ги озборувате луѓето?

Не очекувајте ништо помалку од најдоброто за себе. Таа заслужува се, но и вие исто така. Тоа е вистинската срж на легендарниот човек.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето