Што „трпи“ организмот во недостиг на секс?

Од:

Можеби не заблежувате, но недостигот на секс влијае на вашето однесување и здравје. Сексот, без сомнение, е неопходен на човечкото тело. Меѓутоа, поради секојдневните обврски, луѓето често не ги забележуваат сигналите кои организмот им ги праќа. Најдобро е да набљудувате како негативните мисли и лошото расположение исчезнуваат веднаш по уживањето во сексот.

Притоа, имајте на ум дека сексот не мора секогаш да вклучува двајца, а тоа значи дека и мастурбирањето е една од опциите.

Сигналите кои можете да ги забележате поради недостиг на сексот се нервоза, напнатост, мигрена, стрес, губиток на апетитот, намалена потреба за сон, контрадикторни чувства за одредени луѓе и чести сексуални фантазии.

Непостоењето на сексуален живот предизвикува многу реакции, а во екстремни случаи може да доведе до различни тешки состојби, иритација, осип, агресивност или бес. Кога ќе успеете да ги препознаете знаците на вашето тело кои ви укажуваат дека ви е потребен секс, ќе ви биде многу полесно да ги препознаете и периодите кога се јавуваат овие непријатни симптоми, и на тој начин ќе можете да ги спречите.

Интервалите варираат од едно до друго лице, а зависат и од одредени фактори, како што се возраста, полот, начинот на живот, психичката состојба, бременоста или менопаузата.

Затоа, погрижете се да најдете време и да се анализирате себе си, вашите потреби и желби и на тој начин ќе сфатите што би требало да направите за да се вратите на вистинскиот колосек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска