Индекс.хр – Загреб
Неодамна некој на Редит постави многу едноставно прашање: – Која е најчудната работа што сте ја нашле на интернет?
Непознатиот корисник на Редит сакал да ги поттикне луѓето да споделат чудни искуства што ги доживеале пристапувајќи на тајни страници по пат на анонимни сервиси. Таквите сервиси како Тор постојат со години, а на корисниците им овозможуваат да ја сокријат својата ај-пи адреса и потешко да бидат следени.
Тие пружаат пристап до страници познати како „dark web“, односно „црн интернет“ или „deep web“ („длабок интернет“). На овие страници дури може да се пристапи само по пат на сервис како Тор.
Silk Road е еден од примерите на „црниот интернет“. Иако таа страница сега е затворена, а нејзиниот основач е во затвор, нејзиното место го заземаа други страници на црниот пазар на лекови и дроги.
Преглед на најбизарни работи кои можете да ги најдете додека пребарувате такви места на интернет направи „Бизнис Инсајдер“.
Еден корисник на Редит изјавил дека се навлекол во игра на алтернативна реалност. Таа игра ги наведувала корисниците кои и пристапувале преку Тор да бараат различни предмети. Корисникот кој раскажува за неа тврди дека навистина се навлекол на играта.
– Заврши така што сред ноќ околу 3 часот, со такси се возев во Њујорк да се јавам на повик упатен од една телефонска говорница. Беше многу кул, вели тој.
Понекогаш може да се налета на чудни форуми, а ова е еден пример за тоа.
– Еднаш наидов на форум посветен на споделување на снимки на автоматски пораки за тоа која е следна станица на воз. Луѓето објавуваа снимки кои веројатно ги правеле сами и потоа разговараа за нив. Тоа ме прогонува и денес, вели друг корисник на Редит.
Иако се тврди дека Тор го крие вашиот онлајн идентите, некои корисници откриле дека тоа не е точно. Така еден корисник напишал застрашувачка приказна за користењето на интернетот пред појавата на Гугл. Следел онлајн трага на страница која ја нашол, а потоа нашол документ направен токму за него. – Те гледаме, пишувало во пораката.
Целата приказна почнала така што пронашол некоја страница која изгледала како случајни мисли на различни корисници. Се одлучил да оди подалеку, гледајќи го изворот и собирајќи ги ај-пи адресите на сите коментари. Се обидувал да сфати што ги привлекувало тие луѓе на таа страница. Потоа се случило нешто чудно.
– Конечно најдов сервер со огромен директориум на ХТМЛ фајлови и ТИФФ фотографии како и помали субдиректориуми со иста содржина. Nslookup не ги врати записите и ај-пи адресите. Visual Route го следеше до Колорадо. ХТМЛ документите изгледаа како податоци кои би ги запишувал психолог или некој друг кој се бави со ментално здравје на луѓето. Фотографиите беа факсимили од воена и медицинска природа. Додека самиот по прегледот на субдиректориумите се вратив на главниот директориум, на врвот се наоѓаше нов ХТМЛ документ наречен Hello.html, со време на настанување во тој момент. Го отворив, а во него пишуваше: „Те гледаме“. Само мали букви, а по 15 секунди подоцна серверот падна, раскажува тој.
Слична приказна има уште еден корисник.
– Објавив коментар на едно видео, а кога се вратив подоцна на таа страница повторно да го гледам видеото, некој одговорил на мојот коментар. Пишуваше: „Тоа е многу итро од вас господине (моето презиме)“. Не одев на интернет една недела, бидејќи моето презиме не е често, вели овој корисник.
На „црниот интернет“ може да најдете и некои чудни работи. Понекогаш тоа се сосема обични работи, но она што ги прави недозволени е начинот на кој се продаваат. Пример за тоа е комплет за самостојна вазектомија, кој се продаваше на Силк Роад. Всушност се работеше за комплет прибор кој го користат забари кој се продаваше за 20 долари.
Понекогаш ќе ви треба нешто специфично и тоа мора да го побарате на „црниот интернет“. Тогаш проблем станува цената.
– Пред неколку години барав рог од носорот, а еден тип ми понуди неколку… Бараше огромна сума на пари. Секако дека се откажав, вели еден корисник на Редит.
– Силк Роад, 2013 година. Купив нешто опишано како искуство кое ќе ме турне. Два дена подоцна дојде рачна правосмукалка. Не се бунев, тврди еден човек.
Понекогаш луѓето во беспаќата на интернетот продаваат работи за кои не сте ни знаеле дека се продаваат на интернет, па така еден Германец продавал переци.