Што се ги зголемува шансите за развод?

Од:

Необични индикатори, како на пример дали на фотографиите од детството сте насмеани или намуртени, можат да ги предвидат шансите за останување во брак.

1. Доколку сте жена, која се омажила пред 18-та година, имате 48 отсто шанси да се разведете во првите десет години. Со зголемувањето на возраста на стапувањето во брак, се намалува ризикот од развод.

2. Доколку сте жена која сака дете – без разлика кое по ред – многу повеќе отколку што тоа го сака вашиот сопруг, имате двојно поголема веројатност дека вашиот брак ќе заврши со развод од паровите, кои се согласуваат околу одлуката за деца.

3. Ако имате два сина, вашите шанси за развод се 36,9 отсто. Ако имате две ќерки, веројатноста се зголемува на 43,1 отсто.

4. Ако сте маж со високо ниво на тестостерон, имате 43 отсто поголеми шанси за развод од мажите со ниско ниво на тестостерон.

5. Доколку на вашето дете му е дијагностицирана хиперактивност, имате 22,7 отсто повеќе шанси да се разведете пред тоа да наполни осум години од родителите чие дете го нема тоа пореметување.

6. Доколку освен вашиот брачен партнер, сте имале повеќе љубовни партнери, имате двојно поголеми шанси за развод од некој, кој никогаш немал друг сексуален партнер.

7. Доколку како дете не сте се смееле на фотографиите, имате пет пати поголема веројатност вашиот брак да заврши со развод од оние кои на фотографиите од детството се смееле. Тоа се поврзува со оптимизмот, кој се покажува уште во раното детство.

8. Доколку сте жена на која неодамна и е дијагностициран рак или мултиплекс склероза, имате шест пати поголеми шанси за развод, во однос на оние брачни парови, кај кои на мажот му е дијагностицирана болест.

9. Шансите за развод кај танцувачите или кореографите се 43,05 отсто, кај математичарите 19,15 отсто, кај дресерите на животни 22,5 отсто. Доколку сте земјоделец веројатноста за развод е само 7,63 проценти.

10. Доколку вие или сопругот сте претрпеле повреда на мозокот, имате 17 отсто шанси вашиот брак да се заврши со развод.

11. Ако сте жена, која активно служи во војска, вашиот брак има 250 отсто поголема веројатност да заврши со развод во однос на браковите, каде сопругот е војник, пишува Магазин.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски