Што одбраа Хари и Меган: Куќа од 25 милиони евра, пет купатила, шест спални соби

Од:

Принцот Хари и Меган Маркл се селат во Канада каде ќе продолжат со животот откако финасиски ќе се одвојат од кралското семејство.

Тоа значи дека новиот дом се бара интензивно, а куќата која веќе сакаат да ја купат е во елитниот западен дел на Ванкувер каде вредноста се проценува на 25 милиони евра.

Луксузната куќа е на четири ката, има шест спални соби, пет купатила, а цела една страна на куќата е со прозорци од кои има неверојатен поглед.

Дворот излегува на плажа, а куќата има вкупно 6.900 метри квадратни. Приватноста е загарантирана ако се имаат предвид високите ѕидови околу целата куќа.

-Меган изрази заинтересираност за оваа куќа која би била преубава за неа, Хари и Арчи, рече агент од Агенција за недвижнини.

Во оваа област живеат многу познати личности, угледни мултимилионери и бизнисмени што му одговара на познатиот пар. Куќата е стара точно 108 години.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Тејлор Свифт е прва, а Меган и Хари се втори „најголеми губитници“ оваа година

Горан Наумовски

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата