Шкотските дестилерии се во шок, откако вискито од Јапонија „Сингл малт“ е прогласено за „најдобар виски на светот“, пишува „Индепендент“.
Експертот за виски, Џим Мареј, го опишува „Јамазаки Сингл Малт Шери Чак 2013“ како пијалак „со речиси неверојатна генијалост“, на кој му доделил 97,5 поени од можни сто, во изданието „Светска библија на вискито за 2015 година“.
Шокот и навредата за Шкотланѓаните се уште поголеми, бидејќи ова е прв пат во текот на 12-годишно постоење на „Светската библија“, шкотското виски да не се наоѓа меѓу првите пет места. Ова, исто така, е прва година вискито од Јапонија да се наоѓа на првото место.
Мареј, кој ја надгледува публикацијата која врши тестирање на преку 4.500 виски, смета дека овие резултати претсавуваат повик за будење на шкотските дестилериу и напоменува дека во моментов не постои шкотски виски кој би можел да му конкурира на победникот од Јапонија.
По неговите тестирања на околу 1.000 виски, Мареј тврди дека шкотските дестилерии се наоѓаат во опасност да почнат со испорака на просечни виски и дека дошло време за малку скромност.