Шесто државно првенство на бармени во Македонија

Од:

Семинар и предавања ќе понуди Шестото државно првенство на бармени на Македонија што ќе се одржи од денеска до 27 април во Метрополис Арена во Скопје.

Барменот на годината за 2009 во Романија, Маријан Кукунешоски ќе одржи предавање на тема „Creative & Tiki Coctails“. На 27 април, пак, ќе се одржи семинар насловен „Style of bartending“, со гостинот предавач Васко Лалиќ, еден од најдобрите на германската бар сцена.

Според агендата, натпреварувачкиот дел на првенството, кое ќе се случува во рамки на Меѓународниот саем за туризам, ќе почне денеска во 11 часот со квалификации, а финалето во класична подготовка и флертендинг е предвидено во 16 часот, истиот ден.

Победникот од првенството, кое е во организација на Здружението на бармени на Македонија, ќе патува на меѓународниот натпревар „World Coctail and Flair Tending Competition“ во Прага, Чешка Република.

Според Здружението на бармени, менаџерите на кафе-баровите се повеќе покажуваат интерес за коктел-мајсторите, а агенциите за посредување за работа во странство во сегментот угостителство, потврдуваат дека оваа професија е виза за подобар почетен статус. Со своето делување, сметаат од Здружението, го подигнале нивото на угостителството во државата.

Здружението на бармени на Македонија како непрофитна и невладина организација постои од 2005 година, а од 2007 е полноправен член на Меѓународната асоцијација на бармени (International Bartender Association – IBA).

Би можело да ве интересира

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол