Хипохондријата е психичко нарушување кое се манифестира со постојано фокусирање на личноста на своето здравје, без објективна заснованост.
Можните знаци на хипохондрија треба да се воочат на време, со цел да се спречи нејзиното натамошно напредување кое може да прерасне во посериозна психичка болест.
Опседнати сте со анализи и резултати
Хипохондриците опсесивно вршат медицински анализи на една или повеќе болести. Нив им е многу важен секој детал од крвната слика или друго испитување, кои ќе ги анализираат и неколку дена по добиените резултати.
Убедени сте дека имате некаков здравствен проблем
Доколку постојано сте уверени дека нешто не е во ред со вашето тело, многу е веројатно дека сте во рана фаза на хипохондрија. Најлошо е доколку постојано мислите дека имате поголем проблем од кој не можете да се спасите, односно дека ќе починете.
Одите на лекар за секоја ситница
Хипохондриците често посетуваат лекари поради консултации, иако лекарот последниот пат им кажал дека е се во ред. Доколку постојано менувате лекари за да добиете повеќе мислења, а притоа ниту едно од нив не го прифаќате бидеј не се совпаѓа со вашето, тогаш голема е веројатноста дека сте хипохондрик.
Зборувате со луѓето за своите „болести“
Хипохондриците секогаш зборуваат за своите наводни болести, кои самите на себе си ги дијагностификувале, со различни луѓе без разлика на времето и местото.
Имате панични напади
Паничните напади се добро познат поим за вас. Постојано мислите дека ќе се разболете од неизлечива болест. Тоа само ви прави проблем да се сконцентрирате на работата или некоја друга активност, бидејќи црните мисли не оставаат многу простор за нешто друго во вашата глава. Исто така, додека трае паничниот напад убедени сте дека доживувате инфаркт.
Постојано сте под стрес
Благодарејќи на црните мисли кои постојано ви кружат низ главата, како и на убедувањето дека сте смртно болни, вие сте под постојан стрес. Дури и кога ќе почнете да кашлате вие правите драма. Треба да знаете дека ова е најлошиот облик на хипохондрија, кога и навистина можете да предизвикате сериозна болест.