Шест митови за мачките

Од:

Без разлика дали сте долгогодишен љубител на мачки или нов сопственик, треба да знаете неколку работи за овие фасцинантни животни, посебно за она што е лага за нив.

Ова се едни од најчестите митови за нив.

1. Мачката можете да ја пуштите надвор и ништо нема да се случи.

Мачките кога излегуваат надвор се изложени на инфекции, паразити и повреди од кучиња, големи птици или автомобили.

2. Мачките секогаш паѓаат на нозете

Иако постои синдром наречен „падобранец“, сепак не е вистина дека мачките кои паѓаат од големи височини секогаш преживуваат. Доколку немаат време при падот да ја распоредат својата тежина на четирите нозе, тие нема да застанат на нив.

3. На мачките треба да им се дава млеко повремено

Иако мачката многу сака млеко, сепак ова не е добра идеја за повеќето мачки. Тие се нетолерантни кон лактозатата која е честа причина за дијареа, може да создаде камен на бубрег или пролив.

4. Ако мачката „преде“ значи дека е среќна

Мачките „предат“ кога се среќни, но и кога се нервозни, повредени, сакаат нешто, со еден збор секогаш кога се обидуваат да комуницираат. Никој не може да ја забележи разликата, ако не се знаат околностите во кои се случува појавата.

5. Мачките се толку независни што не им треба дружење

Во последната деценија оваа предрасуда е доста разбиена. И на мачките им треба внимание, галење, ментални или физички активности за да бидат здрави и среќни.

6. Мачките не треба да се носат на ветеринар редовно

Статистика вели дека мачките поретко се носат на ветеринар од кучињата, затоа што постои помала веројатност да бидат болни. Сепак ветеринарите велат дека многу мачки страдаат бидејќи нивните сопственици не сфаќаат дека тие се болни. Мачките мразат да бидат болни или повредени и да ја покажуваат својата слабост. Сепак тоа не значи дека се здрави, а посетата на ветеринар треба да биде редовна, еднаш до двапати годишно – задолжително.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија