Шегите на Обама и Клинтон по повод претстојните избори во САД

Од:

Дејли Телеграф – Лондон 

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот поранешен колега Бил Клинтон се шегуваа на твитер по повод претстојните претседателски избори во САД, на големо воодушевување на нивните следбеници.

Размената на твитовите почна откако Обама отвори профил на Твитер со пораката – Здраво твитер. Ова е Барак. Навистина. Шест години тука и конечно ми дадоа свој личен профил. Името на неговиот профил е ПОТУС (кратенка од претседател на Соединетите Американски Држави) и веднаш повлеча стотици илјади следбеници, меѓу кои е и поранешниот претседател Клинтон, чија сопруга Хилари се кандидираше, во име на демократите, на претстојните претседателски избори.

Одговарајќи на приклучувањето на Обама на Твитер, Клинтон праша дали тој профил на Твитер ќе остане и ако Обама ја напушти Белата куќа.

– Дали корисничкото име оди во пакет со позицијата. Прашувам за пријателката, се пошегувал Клинтон, алудирајќи на својата сопруга Хилари.

Обама ја прифати шегата и одговори во ист стил: „Профилот оди со Куќата“ и дека тој (Бил) може да заврши со ФЛОТУС (кратенка за прва дама на САД) мислејќи на Хилари, која може да стане иден американски претседател.

Обама, на својот личен налог, се опиша како татко, сопруг и 44 претседател на САД.

Покрај преписката со Клинтон, Обама размени твитови и со неколку други твитераши.

Обама се допишуваше со својата сопруга Мишел, неговиот омилен кошаркарски клуб Чикаго Булс, Харвардскиот универзитет, поранешниот претседател Џорџ Буш и други.

Меѓу обие кои го поздравија огласувањето на Обама на Твитер е и потпретседателот Џо Бајден кој наведе: „Се гледаме во соседството“.

И американскиот државен секретар Џон Кери испрати твит со содржина за големо добредојде на Обама на Твитер и наведе: „Секогаш горд да бидам дел од неговиот кабинетски тим“.

Поздрав стигна и од твитер налогот на глумецот Кевин Спејси: „Добредојдовте ПОТУС. Задоцнивте.“, додека пак британскиот новинар и телевизиски водител Пирс Морган му порача на Обама да ја прочита неговата колумна по повод американскиот одговор на Исламската држава.

На Обама му остануваат 20 месеци во Белата куќа, па некои веќе шпекулираат дека новиот профил на Обама на Твитер е негов избор во периодот откако ќе ја заврши претседателската функција во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски