Шефот на мултинационалната технолошка компанија „Епл“ (Apple) Тим Кук е награден со 560.000 акции на фирмата поради добрите резулати во минатата деловна година.
Откако Кук е на чело на „Епл“ тој редовно добива годишна исплата во акции, а ова е четвртипат како добива максимална можна исплата.
Согласно договорот што Кук го има со компанијата и во следните десет години тој треба да добие уште шест пакети акции.
Акциите на „Епл“ во месец август достигнаа рекордни 159,75 долари, така што Кук доби чек со 89,2 милиони долари во акции.