Шефица на компанијата „Јаху“ побара сите вработени да доаѓаат на работа

Од:

Мариса Мајер, која релевантно скоро стана генерален директор на компанијата „Јаху“, предизвика вистинска бура меѓу вработените откако побара од јуни да доаѓаат на работа, наместо да работат од дома.

– За да стане ова најдобро можно место за работа важни се комуникацијата и соработката, па е неопходно да работиме едни покрај други. Затоа е од клучно значење сите да бидеме во своите канцеларии. До најдобрите одлуки и сознанија често доаѓаме низ разговор во ходник или во кафетерија , преку запознавањето нови луѓе и на импровизираните состаноци на членовите на тимот. Кога работиме од дома, често губиме во брзината и квалитет, истакна Мариса Мајер во интерната порака до вработените.

Како што пренесува сајтот „AllThingsD“, гневот и незадоволството на вработените не е особено зачудувачки, затоа што многумина од нив се вработиле во компанијата и поради флексибилните услови за работа.

Сајтот наведува и дека таквите реакции најмалку се предизвикани од мрзеливоста на вработените, поткрепувајќи го тоа тврдење со резултатите од најновите истражувања.

Студијата од Универзитетот Стенфорд покажаа дека вработените во кол-центрите го зголемиле учинокот за 13 отсто кога работеле од дома. Тие наведоа дека се „задоволни со работата и дека подолго се задржуваат на таа работа“.

Минатогодишното истражување на американското Биро за статистика на труд покажа дека работата од дома „очигледно ја зголемува продуктивноста и го намалува отсуството од работа“, а студијата од Универзитетот Тексас во Остин открива дека луѓето кои работат од дома „работат по пет до седум часа подолго во работната недела отколку оние кои работат само во канцеларија“.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски