Семејството на Дејвид Боуви ја продава неговата уметничка збирка вредна 10 милиони фунти

Од:

Приватната колекција на уметнички дела на Дејвид Боуви прв пат ќе биде откриена пред јавноста.

Животот на славниот музичар како колекционер се чуваше речиси во целосна тајност. Но, сега, колекцијата од околу 300 дела на уметници, меѓу кои Демијан Хирст, Хенри Мур и Марсел Дишан ќе биде изложена во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон, пред да биде продадена на аукција која ќе се одржи во ноември.

Се очекува колекцијата на Боуви да достигне цена од над 10 милиони фунти

– Оваа колекција на Дејвид Боуви нуди уникатен увид во личниот свет на еден од најголемите креативни духови на 20-от век, рече Оливер Баркер, претседател на Европа Сотби.

Како највредна слика од колекцијата се проценува онаа на Жан – Мишел Баскијат која вреди помеѓу 2,5 и 3,5 милиони фунти. Боуви ја купил сликата во 1996 година откако во филмот за овој уметник го глумеше Енди Ворхол, менторот на Баскијат.

Покрај 267 – те слики, колекцијата содржи и повеќе од 120 парчиња дизајнирани предмети и скулптури.

Сите средства од продажбата на импозантаната уметничка колекција ќе оди кај семјеството на Боуви, кое изјавило дека ја продава колекцијата не заради пари, туку заради тоа што нема доволно простор за чување на уметничките дела.

Би можело да ве интересира

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

„Ворнер мјузик“ ги доби правата за сите песни на Дејвид Боуви

Ана Ололовска

Дојче Пост издава специјална поштенска марка по повод роденденот на Дејвид Боуви

А1он

Најавено преиздавање на албумот „Young Americans” на Дејвид Боуви

Ана Ололовска

Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20. век

Наум Локоски

Откриена првата статуа на Дејвид Боуви

Наум Локоски