Пејачката Андријана Лазиќ трагично загина по пад од 24. кат во Дубаи, а нејзиното семејство одлучи да ѝ ја исполни последната желба.
Пред да се случи трагедијата, Лазиќ работела на неколку песни и спотови и сакала што побргу да ги објави. Таа се подготвувала да објави две песни, но за жал, не успеа во тоа.
Сепак, семејството одлучи да ја исполни таа желба и двете песни се објавени на денот на нејзиниот погреб.
Имено, текстовите на песните се дел од творештвото на познатата Марина Туцаковиќ, која исто така не дочека значаен дел од нејзините текстови да бидат снимени како песни.