Седум соништа кои претскажуваат свадба

Од:

На сите ни се случило да сонуваме нешто за коешто сме имале чувство дека ни навестуваат настани кои би се случиле во иднина. Па така, како што се верува, доколку сте го сонувале ова, во блиска иднина Ви претстои „застанувањето на лудиот камен“.

1. Клинец

Доколку насон заковувате клинци, и тоа некако Ви оди без никакви проблеми, тогаш и во вистинскиот живот работите ќе Ви одат глатко, а и очекувањата ќе Ви се остварат. Истиот сон може да значи и дека ќе ја отстраните моментната опасност во Вашиот живот. Ако пак, во сонот пронајдете клинец, тоа ќе рече дека ќе Ви се исполни желба, или дека ќе Ви се поправи материјалната состојба. Закривените клинци не се добар знак и во тој случај – внимавајте на домот и семејството.

2. Експлозија

Експлозија во сон навестува експлозија во Вашиот живот. Имено, Ви претстои голема можност – работите да тргнат кон подобро.

3. Жед

Ако сонуваме дека сме жедни, тоа укажува некоја незадоволена потреба. Задоволуањето жед пак означува стекнување можност и способност да ја исполните својата судбина.

4. Ждребе

Ждребето означува нови успешни потфати. Ако во сонот само го гледате ждребето, тоа значи нова, свежа животну енергија. Доколку пак, јавате ждребе, тоа значи – свадба на повидок.

5. Во брзање сте

Ако во сонот имаме чувство дека сме во брзање, тоа може да сугерира дека сме неподготвени за некоја ситуација. Тој сон исто така, може да значи дека и на јаве секогаш некаде брзаме и дека не одвојуваме доволно време за важните работи во животот.

6. Железничка пруга

Сонување железничка пруга може да симболизира неможност за промени во курсот. Можно е да Ви се укажува и на потреба за промени. Ако пак, шините се блокирани, можете да очекувате проблеми во работата.

7. Жито

Како симбол во соновниците, житото укажува на душевна храна, или пак, на Вашата вистинска исхрана, односно изобилството храна кое можеби Ве очекува на јаве. Житото е и симбол на постојани нови доживувања и искуства. Ако пак, житото е во лоша состојба, тоа е знак на потешкотии коишто може да Ве зафатат во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он