Сеавус Инкубатор во соработка со Мајкрософт Македонија ги канат сите ИТ стартапи на првата презентација на програмата „БизСпарк“ во среда од 17:30 часот во просторите на инкубаторот, стои во соопштението на Сеавус.
Програмата која е започната на глобално ниво пред неколку години, за првпат оваа година е достапна за македонските стартапи, кои можат да добијат бесплатни лиценци од Мајкрософт.
„БизСпарк“ програмата има за цел технолошки да им помогне на стартапите за да може да ги остварат својте цели во накраток период, и да ги поврзе со Сеавус Инкубатор и Стартап Македонија кои ќе им помогнат во растот, а со тоа ќе се стимулира и иновативен локален еко-систем.
На настанот ќе говорат: Нина Синџија, менаџер за информирање на корисници во Мајкрософт, за придобивките од програмата и успешните проекти со останатите стартапи од регионот; Даниел Данаиловски, P-seller во Мајкрософт, за „Азуре“; и Игор Изотов од Сеавус Инкубатор за помошта од овие програми во рано лансирање на продукти или услуги на пазарот.