Петнаесетгодишниот Каи од Честерфилд се разбудил од деведневна кома со псовки и силна желба да јаде големи количини сирење.
Лекарите биле принудени да го стават во кома поради обилно крварење во мозокот, за да можат да извршат операција со која ќе се намали притисокот во неговата глава, но кога се разбудил, ја изненадил мајка си со своето однесување.
-Стана зависник на сирење и не може да престане да зборува пцости. Бев во кујната кога го слушнав како вика во својата соба. Кога влегов кај него, видов како јаде големо парче сирење-вели неговата мајка Трејси.
Каи сега оди на терапија и неговата состојба постепено се подобрува. Лекарите велат дека неговото однесување не е невообичаено, бидејќи физичките, когнитивните, емотивните и проблемите во однесувањето се сосема нормална појава по повредата на главата.
Е.Г.