Се повеќе земји се откажуваат од Евросонг

Од:

По Португалија и Полска, кои поради економската криза нема да учествуваат на натпреварот на Евросонг, своето учество во Шведска го откажаа и Грција и Словачка

Грците, кои секоја година се сметаат за едни од фаворитите, соопштија дека поради тешката економска криза во својата земја нема да можат да се натпреваруваат во Малме.

– Не е проблемот само во тоа што немаме 120.000 евра, колку што чини учеството и телевизиските права, туку сметаме дека би било неморално да учествуваме на Евросонг во текот на најголемата криза во историјта на Грција, рекоа градските власти за грчката државна телевизија.

Кипар, за кој се сметаше дека исто така ќе се откаже од натпреварување, сепак го потврди своето учество. Многумина веруваат дека својот настап ќе го откажат и Словенија и Црна Гора.

Што се однесува до другите земји од регионот, сите го потврдија своето учество на 58-иот натпревар на Евросонг.

Еуфоријата околу Евросонг веќе почна. Во понеделникот, само за 20 минути, се продадени првите 5.500 влезници.

Би можело да ве интересира

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Хрватската песна се искачи на врвот на обложувалниците за победник на Евросонг

Предраг Петровиќ