Дури 31 отсто од мажите би стапиле во брак со жена во која што не се вљубени, додека 21 отсто би се ожениле и со жени кои воопшто не ги привлекуваат сексуално, открива истражувањето на американскиот портал Match.com спроведено врз 5000 испитаници.
Според ова истражување, речиси една третина од мажите немаат чувства за жената со која ќе формираат семејство. Кај жените пак 23 отсто признаваат дека би стапиле во брак со маж кој не го сакаат, но тој мора да ги поседува сите квалитети што ги посакуваат. Четириесет отсто од испитаните мажите би ја прекинале својата врска поради лош секс, додека овој процент кај жените е повисок и изнесува 50.