Новинарот и водител Саше Ивановски ќе се жени. Избраничката е 20-годишната скопјанка Марина Лазаревска, а бракот доаѓа по едногодишна врска. Свадбата ја планираат за на пролет, објави Либертас.
– Можеби на професионален план имам многу пречки од Талибанциве, но на приватен план ми се посреќи, а наскоро, здравје, ќе бидам и татко. Конечно најдов женска со толку малку вкус за мажи што прифати да ми биде жена – вели Ивановски.