Сара Џесика Паркер со нова линија чевли

Од:

Глумицата Сара Џесика Паркер уште еднаш им овозможи на минувачите во Њујорк да се потсетат на Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ како голема обожавателка на чевли со потпис од Маноло Бланик.

Американската актерка ја преточи својата љубов кон модата во свој бренд, а сега и со нова линија обувки за коишто периодов сними и рекламна фотосесија на улиците на Менхетен. И додека повеќето нејзини колеги последниве месеци поради пандемијата на коронавирусот, не ни помислуваат на носење гламурозни креации и високи потпетици, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ во улога на бизнисменка, успеа да донесе малку гламур на улиците на градот Њујорк.

Заедно со моделот салонки таа вешто комбинираше долг кардиган-фустан истакнувајќи ја ефективно виолетовата боја. Станува збор за фустан – дело на релативно непознатата модна марка „Ханифа“ со седиште во африканската земја Конго. Достапен е во повеќе бои.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска