Самсунг подготвува метален Галакси С5

Од:

Познатата серија Галакси смартфони на Самсунг, досега беше изработувана од сјајна пластика, но за новиот модел С5 компанијата планира да премине на метално куќиште.

Самсунг планира во блиска иднина да понуди телефон што ќе биде изработен од нешто полуксузни материјали, со цел да се спротивстави на конкуренцијата што веќе некое време за изработка на своите уреди користи ексклузивни материјали како што е со моделите ХТЦ Уан и Сони Експирија Зет.

Според Тајпеј Тајмс, Самсунг е во преговори со тајванската компанија Качер Технолоџи, која изработува метални куќишта за ХТЦ и Епл.

Аналитичарите сметаат дека следниот модел на Самсунг, Галакси С5 ќе има метално куќиште.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска