Компанијата „Самсунг Електроникс“ денеска најави дека ќе го прошири брендот ATIV, со цел да ги опфати водечките персонални компјутери со оперативниот систем Виндоуз.
ATIV, претходно бренд на компанијата за хибридни апарати (паметни персонални компјутери со платформа Виндоуз), сега претставува спој на компјутерска и мобилна технологија и ги спојува сите персонални компјутери на Самсунг со платформата Виндоуз ПЦ и други апарати под еден бренд.
Согласно потребите и желбите на денешните потрошувачи, линијата Самсунг ATIV нуди цела низа водечки Виндоуз ПЦ компјутери на пазарот, кои се дизајнирани така што го пренесуваат мобилното искуство од телефон на лаптоп и обратно, поради што секоја работа ќе биде полесна, а животот поконфорен.
Самсунг, исто така, ја претставува и технологијата „СајдСинк“ кај своите персонални компјутери со платформа Виндоуз, што е прва од повеќето нови ATIV функции кои ќе бидат достапни оваа година.
Оваа функција ќе им овозможи на корисниците многу едноставно и лесно да се префрлат до работата на своите персонални компјутери на смартфоните на Самсунг, кои имаат оперативен систем Андроид.