Самсунг го претстави Галакси С5 мини

Од:

Јужнокорејската компанија Самсумг го претстави Галакси С5 мини, компактна верзија на својот премиум смартфон Галакси С5.

С5 мини е опремен со ХД Супер Амолед екран од 4,5 инчи, што гарантира живописно искуство на гледање, а неговата компактна големина нуди дополнителна удобност и овозможува управување само со една рака.

Како и поголемиот Галакси С5, мини моделот е опремен со ИП67 сертификат, што значи дека е отпорен на вода и прашина. Моделот има Ултра Паур Сејвин Моуд, следење на работата на срецето, скенер за прсти и поврзување со најновите Самсунг преносни уреди.

Галакси С5 мини е опремен со четири јадрен процесор од 1,4 гигахерци, 1,5 гигабајти работна меморија и 16 гигабајти интерна меморија, како и камера од осум мегапиксели.

Моделот работи на Андроид 4.4 КитКат оперативен систем, а во Европа може да се очекува на почетокот на август.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска