Компанијата „Самсунг“ на конференцијата за технологија на дисплеи „Досплеј Вик“ во Калифорнија, ги претстави новите прототипи на ОЛЕД екрани, кои можат да се виткаат и растегнуваат.
Овие флексибилни екрани имаат големина од 9,1 инчи, а се враќаат во првобитната форма по секое развлекување. За разлика од другите флексибилни екрани кои можат да се свиткаат само во една насока, прототипот на „Самсунг“ може да се свитка до 12 милиметри во двете насоки. Иако тоа не звучи како спектакуларно виткање, „Самсунг“ досега направи најголем исчекор кога станува збор за развојот на флексибилни екрани.
Корејската компанија не соопшти кога официјално ќе почне да ги користи овие екрани на новите мобилни уреди.
На конференцијата во Калифорнија, „Самсунг“ го претстави и 5,09 инчниот стаклен ЗД ОЛЕД екран кој може да се употребува за уште подобро мултимедијално и ВР доживување. Проѕирните звучници звучат фасцинантно, но таа технологија на екрани се уште не е подготвена за масовно производство во блиска иднина.
Меѓу бројните производители на екрани кои ги покажаа своите најнови изуми, „Самсунг“ го претстави уште и 1,96 инчниот ЛЦД екран со висока резолуција.