Самсунг работи на прототип на паметни телефони со флексибилен екран наречен Галакси X долго време. Овој модел се очекува да го револуционизира дизајнот на мобилната индустрија.
Инженерите на компанијата продолжуваат да бараат начини да ги елиминираат сите технички пречки и да го забрзаат влегувањето на овој модел на пазарот. Еден од главните проблеми е потребата да се користи нов вид заоблена батерија за напојување на смартфонот, објави „ТекРадар“.
Специјалисти од Самсунг СДИ создадоа сличен модел, но нејзиниот капацитет е едвај 210 милиампер часови, што е исклучително недоволно. Новите информации на интернет откриваат дека компанијата сега има функционален проритп со таков дизајн, кој е со моќност од 3.000 до 6.000 милиампер часови. Самсунг се надева дека ова ќе биде последната сериозна пречка која ја одложува премиерата на уредот на глобалниот пазар. Се очекува Галакси X да има 7,3-инчен дисплеј кој се преклопува и се користи како два одделни екрани.
Повеќето аналитичари очекуваат тоа да се случи околу премиерата на Галакси Ес10 на почетокот од 2019 година. Импресивниот дизајн, сепак, тешко дека ќе им овозможи на многу луѓе да го купат Галакси X, бидејќи според првичните информации цената ќе биде околу 1.850 долари.