Компанијата Корнинг објави дека склучила договор со Самсунг, благодарение на што Галакси Алфа смартфонот ќе биде прв уред што ќе користи Горила Глас 4 заштита на својот екран.
Корнинг тврди дека Горила Глас 4 е најдобрата заштита за екран досега, како и дека драстично ја подобрува заштитаа од оштетување при пад на уредот.
Новиот Горила Глас 4 е потенок од претходната генерација, но со поголема отпорност.
Самсунг Галакси Алфа е компактен телефон со куќиште од 7 милиметри, додека предниот екран со Горила Глас 4 заштита е тенко 0,4 милиметри. Освен тоа, Галакси Алфа има 4,7 инчен екран и се позиционира како главен ривал на Епл АјФон 6 моделот.